Почетна » Новости » Мода » Обојте го летото најтрендовски

Обојте го летото најтрендовски

Во екот сме на релативно најбезгрижниот период од годината, кога копнежот за стилско експериментирање достигнува кулминација и сме жедни за модни новитети.

Под силното сонце, додека итаме низ бетонските џунгли или уживаме на плажи или крајбрежја, нè облева желбата да си поиграме со накитот и да ги збогатиме нашите колекции во чекор со трендовите. А еве каде се насочени тенденциите летово:

Концепт „Mix and Match“

Комплементарни материјали синтетизирани во едно за супер моден хит. Забележителна во овој стил е колекцијата Palermo, инспирирана од трендсетерки, а наменета за дами кои се оригинални и не се плашат храбро да се истакнат во секоја прилика.

Раскошна сицилијанска убавина нагласена со барокни бисери и кварцни кристали, совршено комбинирани со храбри синџири кои создаваат идеален спој на гламур и урбана класика.

Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca

Синџирчиња со WOW фактор

Ако има еден тренд кај накитот кој ја одбележува 2021 година, тоа дефинитивно е синџирестата форма. Што се однесува до големината, нема правила. Иако за потенките синџирчиња можеме да кажеме дека се модерна класика, сега очигледно стануваат покул помасивните варијанти.

Колекциите Moscow, Stockholm и Amalfi на италијанскиот бренд Rebecca, кој е присутен и кај нас, се перфектен пример за тоа и освојуваат дами кои се своевидни стилски икони, со уникатен вкус во модата, нагласена самодоверба, индивидуалност и посебна експресија на стилот.

Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca
Rebecca Rebecca

Синџирите како декоративен елемент завладеаја во целата сфера на модни додатоци, па гледаме дека актуелни се и чанти со рачки во облик на големи синџири, како и сандали и елегантни влечки со синџирчиња.

Слоевитост за разигран стајлинг

Амајлија за среќа, колоритни камчиња или иницијали? Нема причина зошто да се ограничувате на едно. Напротив, слоевитото поставување на ланчиња и бразлетни со најразлични приврзоци е мега-хит.

Наредете неколку парчиња со различни должини и украсете ги со омилените скапоцености.

Rebecca Rebecca Rebecca

Персонализација

Забавувајте се со вашите иницијали или оние на вашите блиски. Спојувајте прекари, нижете зборови и симболи кои ви го топлат срцето... Персонализацијата е моден тренд кој нема изгледи дека згаснува.

Има ли поубаво чувство кога на врат или рака ги носите почетните букви на луѓето кои најмногу ги сакате?

Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca

Плетена деликатност

Богата текстура, воочлива префинетост и суптилен гламур... Колекцијата Balloon е непогрешлив погодок.

Стилски експериментирајте со огрлици и бразлетни од фина сребрена срма, елегантно испреплетена во впечатливи нишки надополнети со топче со блескави кристали.

Rebecca Rebecca Rebecca Rebecca

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.