Зијад Накад се инспирираше од прекрасниот дворец Шамбор при дизајнирањето на најновата колекција висока мода која ја презентираше со фотосесија снимена токму таму.
„Со голема страст за архитектурата, Зијад Накад се инспирираше од познатото отворено двојно спирално скалило на дворецот Шамбор за неговата колекција висока мода есен/зима 2021. Колекцијата обоена во пастелни нијанси е рачно изработена во ателјето на дизајнерот во Бејрут“ – пишуваат од брендот.
Шамбор е еден од најпознатите и најубавите дворци во светот познат со француска ренесансна архитектура.
Дворецот се наоѓа во долината на Лоара во Северозападна Франција, сместен помеѓу градовите Тур и Орлеан.
Колекцијата „Ренесанса“ беше презентирана во рамките на Париската недела на високата мода.