Доменико Долче и Стефано Габана организираа неколкудневен моден спектакл во Венеција. Дизајнерското дуо покани клиенти и славни личности од целиот свет за да им ја претстави новата колекција.
Меѓу гостинките беше и Џенифер Лопез, која со шарена модна комбинација примамуваше погледи.
Сосема очекувано, цветните креации и аксесоарите се со потпис на Долче и Габана. Долгата наметка во кралски стил е од колекцијата есен/зима 2019 година на италијанската модна куќа.
Љубопитните очи на многумина забележаа дека на наметката на Џеј Ло сè уште има етикета и некои го нарекоа тоа модна утка. Најверојатно тоа не е вообичаена етикета со цена, туку ознака која им ја олеснува координацијата на тимот на Лопез со брендот. Имено, брендовите честопати им позајмуваат на ѕвездите облека, која по одреден настан е потребно да им биде вратена.