Иако чекори во шестата деценија од животот, Сузи Рехано може да се пофали со префинет и софистициран стил кој секоја жена би посакала да го копира.
57-годишната модна дизајнерка од Шпанија редовно предлага стилски комбинации за на работа, но неретко нуди и секојдневна модна инспирација. Сузи е основач на Brilliant Barcelona и има една ќерка.
Ѕирнете низ некои од нејзините стилски приказни и можеби ќе соберете идеи како да ги комбинирате парчињата кои ги имате во вашиот плакар. Речиси секогаш, Рехано носи впечатлив накит кој им дава шмек на комбинациите.