Почетна » Новости » Мода » Високо дефиниран современ стил: Geox колекција јакни

Високо дефиниран современ стил: Geox колекција јакни

Со целосно променет имиџ, тренди и авангардната облека за надворешни услови ги спојува практичноста и стилското прочистување во урбан-лежерен Geox пристап, внесувајќи високи перформанси и удобност во елегантниот и динамичен современ стил.

Зимската сезона која ни претстои е инспирирана од разновидни стилови: класичен, спортски и „винтиџ“, во иновативна алтернатива облека за активно движење, која ги опфаќа најновите технологии во текстилната индустрија, со цел да внесе обилна доза на стил во детали и функционални елементи за надворешното окружување.

Geox Geox

Ескимо мантилот е дизајниран со поголеми линии и слоеви откривајќи модерен пристап кон традиционалните решенија, збогатени со сјајни метални патенти и памучни закрпени-џебови со карирани шари. Јапонскиот вкус се среќава со нова интерпретација на волумен и мекост, заедно со флуидни и густи линии, рефлектирајќи баланс помеѓу тродимензионалниот дизајн и апсолутен комфорт.

Покрај тоа, материјалот и графичкиот миск, лајтмотивот на сезоната, се пренесува во војнички стил. Моделите се изработени од отоман ткаенина: јакните и парката имаат качулки изработени од еко-крзно, ветроотпорни ракави и гамаши, со полнета внатрешност обрабени со тартан. Овие повеќенаменски и цврсти облеки се суштинско олицетворение на заштитата, лесноста, топлината и слободата на движење – иделано решение за било какво искуство на температура под нулата.

Geox

Меѓу најнапредните решенија, заедно со употребата на Thermore Evo-Down постава со исклучителни топлински и структурни својства – системот Primaloft Gold Insulation Luxe го обновува опсегот на долгите јакни со тоа што ги реинтерпретира препознатливите кројки на моторџиската јакна и на капутот, преку екслузивна двојно-текстурна постава направена од еко, ултра-тенки влакна. Визуелниот ефект од обоената преѓа во карирана шема е надополнета со додатоци како гумени копчиња и мат-емајлирани патенти, кои додаваат карактеристична индивидуалност на ултра-топлата и лесна ткаенина.

Асортиманот на долгите јакни, кои ги покриваат сите часови во денот, исто така вклучуваат двојно-текстурни верзии во комбинација со букле волна и најлон или пак водоотпорен материјал, во куса верзија со фиксирана качулка или во долга верзија со вертикална крагна.

Geox Geox

Гумениот финиш, металните патенти, спандекс украсувањете и ватираната постава ја зајакнуваат контрастната текстура, мешајќи го „винтиџ“ духот и модерната сензитивност во технички напредната облека. Достапните бои вклучуваат интензивни, современи тонови како морнарско сина, цигла-црвена и нијанси на џунглата.

За крај, вистинскиот баланс помеѓу перформансите и женственоста е рефлектиран во флоралните акварелни принтови и во мантилите направени од сирово скроена волнена ткаенина кои може да ги носите 24/7, заедно со специјалениот простор кој овозможува влагата да се движи нагоре и се извлекува преку траката која овозможува дишење – есенцијална компонента на патентот на GEOX.

Непоставените, со внатрешен материјал од најлон и контрастни мултифункционални џебови, овие урбани-шик модели се потенцираат со брилијантниот разред, гумените финиши и испакнати копчиња, кои креираат софистициран графички ефект на минималистичките кројки инспирирани од модата од 70-тите години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.