Брижит Макрон е лојална обожавателка на Луј Витон. Како и многупати досега, првата дама на Франција за дипломатска средба избра креација од оваа француска модна куќа.
65-годишната сопруга на претседателот Емануел носеше краток фустан со долги ракави за приемот на премиерот на Квебек, Франсоа Лего, и неговата сопруга Изабела во Елисејската палата.
Тиркизниот фустан Брижит го искомбинира со марама во иста боја и црни салонки.