Почетна » Новости » Мода » Water In Love: Новата кампања на Кристијан Лобутин

Water In Love: Новата кампања на Кристијан Лобутин

Кристијан Лобутин верува дека дамите никогаш не треба да ги соблекуваат „лобутинките“, ниту кога се релаксираат во бања.

„Water In Love“ е кампањата за која згодни модели носат привлечни обувки додека лежат во када. „Тука, во светот на Лобутин, веруваме дека секој треба да ги чува своите пријатели блиску до себе, а своите обувки со црвени ѓонови уште поблиску“ – објаснуваат од популарниот бренд.

Кампања на Кристијан Лобутин

На една од фотографиите се прикажани и лакови за нокти од новата бјути колекција на францускиот дизајнер.

Кампања на Кристијан Лобутин Кампања на Кристијан Лобутин

Како и за претходните неколку сезони, и зад кампањата пролет/лето 2015 стои фотографот Питер Липман.

Колекцијата црпи инспирација од различни места и култури – од „Лолита“ на Владимир Набоков, па сè до уметноста и архитектурата на Jугозападна Америка.

А еве и неколку од најновите модели:

Кампања на Кристијан Лобутин Кампања на Кристијан Лобутин Кампања на Кристијан Лобутин Кампања на Кристијан Лобутин Кампања на Кристијан Лобутин Кампања на Кристијан Лобутин Кампања на Кристијан Лобутин Кампања на Кристијан Лобутин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20919 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.