Наближувањето на прославите за новогодишните и божиќните празници ќе натера многу жени да започнат да држат диета за слабеење. Со цел да си ги зголемите шансите за успех на диетата, научниците даваат еден интересен совет – не кажувајте никому дека сте на диета.
Истражување на Универзитетот Њујорк покажало дека диетата е поуспешна кај оние лица кои не го споделувале својот рестриктивен режим на исхрана со своето семејство и пријателите.
Научниците веруваат дека причината за ваквите резултати е тоа што позитивните коментари и охрабрувањата кои луѓето што се диета ги добиваат од своите пријатели и блиски може да бидат интерпретирани како постигнување, па како резултат на тоа да престанат да се придржуваат толку строго кон правилата на диетата.
Професорот по психологија д-р Питер Голвицер за CNN изјавил дека постојат различни начини да се спречи овој „феномен“.
Тој советува дека е најдобро да премолчите за своите намери за слабеење. Или пак, да им кажете само на едно или две лица кои можат да влијаат врз вас и вашето однесување, за да ви помогнат да издржите и да ги остварите вашите планови.