Емотиконите се значаен дел од дигиталната комуникација – заменуваат зборови и ги доловуваат нашите емоции.
Најновата анализа на „Unicode Consortium“ покажува дека дури 92% од лицата онлајн користат емотикони. Непрофитната организација објави дека насмеаното лице со солзи-радосници е најкористениот емотикон во годината што изминува, а блиску зад него е црвеното срце.
Во продолжение се Топ 10:
1. Насмеано лице со солзи-радоцници
2. Црвено срце
3. Тркалање на подот од смеење
4. Палец нагоре
5. Лице кое гласно плаче
6. Споени дланки
7. Лице кое испраќа бакнеж
8. Лице со три срца
9. Насмеано лице со очи како срциња
10. Насмеано лице со насмеани очи
Кога биле разгледани емотиконите по категории, заклучокот бил дека најмалку користени се државните знамиња.