Пар од Бразил се соочува со критики поради начинот на кој го откри полот на нероденото бебе.
Брачните партнери одлучија да обојат цел водопад во сина боја, за да објават дека очекуваат синче.
Водопадот бил вистинска туристичка атракција и се наоѓа на реката Queima Pé. Оваа река е главен извор на вода за најблиската општина Тангара де Сера, која неодамна претрпела голема суша. Сега, локалното население се плаши дека водата е загадена.
A couple in #Brazil decided to dye a whole waterfall for their gender reveal party pic.twitter.com/eKdHgJbJEh
— Public Outsider (@publicoutsider) September 27, 2022
Идните родители го објавија видеото на социјалните мрежи, но потоа го избришаа. И покрај тоа, видеозаписот стигна до надлежните власти и беше распростанет на повеќе профили на Twitter. Сега се води истрага за да се утвди дали биле користени хемикалии и каква е штетата врз животната средина.
„Инспекцијата ќе ја испита еколошката штета предизвикана од материјалот кој беше фрлен во водата. Ако има еколошка штета, одговорните ќе бидат обвинети и може да одговараат за еколошки криминал“ – се вели во соопштението на министерката за животна средина на државата Мато Гросо.
Парот добива лавина критики од целиот свет за непромислената одлука.
„Засрамен сум што ја делам истата планета со луѓе како вас“, „Никој не им кажа дека ова е многу глупаво?“ и „Зошто да убиеш една желка со балон, кога можеш да уништиш цел екосистем со само едно шише со хемикалии“ – се дел од коментарите на интернет.