Почетна » Новости » Занимливости » Незапирлив и на 60 години: Кардиологот Сашко Кедев е првиот Македонец кој има искачено пет врвови над 8 илјади метри

Незапирлив и на 60 години: Кардиологот Сашко Кедев е првиот Македонец кој има искачено пет врвови над 8 илјади метри

Сашко Кедев е вистинска инспирација.

Познатиот кардиолог е првиот Македонец кој има искачено пет врвови повисоки од 8.000 метри. Иако има 60 години, тој не се откажува од својата страст – алпинизмот. Оваа година, доктор Кедев освои два врвови над 8.000 метри – К2 (8.611 м) и Даулагири (8.167 м).

Неговата прва ваква авантура се случи во мај 2009 година, кога се искачи на „покривот на светот“, врвот Монт Еверест висок 8.848 метри.

Сашко Кедев

Во повеќе интервјуа, тој има зборувано за опасностите при секое влегување во „зоната на смртта“ над 7.500-7.600 метри, но и за убавината и бенефитите на планинарењето.

„Од кардиолошки аспект, една од најпрепорачаните активности е токму планинарењето, бидејќи е поврзано со ниско оптеретување на коскено-зглобниот систем од една страна, а од друга страна оптимално го оптеретуваме нашиот циркулаторен кардиоваскуларен систем“ – рече тој во интервју за Вечер.

Кедев е категоричен дека човек вистински живее кога ќе престане да се плаши од смртта и ќе научи да ризикува.

„Има два начини да се помине животот. Животот може да се помине млако или животот може да се живее низ оган. Јас лично го преферирам вториот начин. Тоа не е некоја математика, туку следење на животниот инстинкт. Сметам дека секој треба да го следи својот животен инстинкт. Многу е важно да се прифаќа ризик во животот. Ако не прифаќаш ризик во животот, тогаш не живееш... Кога ќе се надмине стравот од смртта, тогаш може да се живее животот во целост“ – вели тој.

Пред два дена, Кедев одржа презентација на која зборуваше за своите ризични авантури. Фотографии од настанот беа споделени на социјалните мрежи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20920 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.