Почетна » Новости » Занимливости » „Не избрав да играм за Мароко за пари, туку од срце“: Фудбалер ги донира сите пари од СП за сиромашни лица

„Не избрав да играм за Мароко за пари, туку од срце“: Фудбалер ги донира сите пари од СП за сиромашни лица

Хаким Зијеш освојува симпатии низ светот со своите хумани гестови.

29-годишниот фудбалер, кој го носи фудбалскиот дрес на Мароко, одбива да зема пари кога игра за националниот тим и сите заработени средства ги донира за персоналот на тимот и за сиромашни лица во Мароко. Хуманиот спортист ова го прави уште од 2015 година, а истото го направи и со премиите од Светското првенство во Катар.

Новинарот Калед Бејдун постојано пишува за неговата дарежливост и пренесува една од неговите изјави:

„Се разбира дека ќе ја донирам заработката од СП за сиромашни лица кои најмногу имаат потреба од тоа. Не избрав да играм за Мароко за пари, го направив тој избор од срце“ – рекол Хаким.

Според Калед, целата репрезентација на Мароко решила да го следи примерот на Хаким и да ја донира заработката.

Мароко придоби многу обожаватели низ светот со својата игра и страст кон фудбалот. Тие завршија како четвртопласирани на СП.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20922 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.