Шарлот Гарсајд во минатото беше нарекувана „најмалото девојче на светот“ поради својот џуџест раст.
Кога се роди во 2007 година, таа веднаш се вброи меѓу најмалите девојчиња на светот, но за жал, докторите ѝ дадоа многу мали шанси да преживее. Сепак, таа ги надмина сите нивни очекувања и неодамна го прослави својот 16-ти роденден.
Шарлот тежеше помалку од 800 грама и беше долга само 25 сантиметри кога се роди, како последица на ретка генетска состојба која резултира со џуџест раст. Поради нејзината должина, докторите верувале дека таа се родила во 24-тата гестациска недела, а не во 36-тата, како што всушност и било. Тие веднаш им соопштиле на родителите дека постои веројатност нивната ќерка да не живее повеќе од една година, бидејќи има многу слаб имунитет.
За среќа, Шарлот ги надмина сите болести со кои се соочи и секој ден напредува, а нејзините родители се среќни што ја имаат.
„Едноставно уживаме во семејниот живот. Можеби таа е мала, но секој што некогаш ја сретнал, ќе ви каже дека има голем карактер. Од денот кога се роди, ни донесе нешто специјално во нашите животи“ – рекла мајка ѝ.
На 2 години, Шарлот била висока само 58 сантиметри, а кога тргна во училиште на
По фотографиите објавувани од нејзината мајка може да се види дека Шарлот пораснала, а нејзините обожаватели постојано ја опсипуваат со охрабрувачки зборови.
Таа има три сестри, кои се со нормален раст.
Гинисовиот рекорд за најмала жена на светот го држи Џоти Амџи, која има 29 години, а е висока само 63 сантиметри.