Велат дека секој од нас има двојник некаде низ светот.
Мајка се пошегува дека го пронашла двојникот на нејзината ќерка откако пријател ѝ ја посочил сличноста со Вуди Харелсон додека правеле скара. Тој ѝ рекол на мајката Даниел Малвена дека нејзината 9-месечна ќерка Кора личела на популарниот актер и таа не можела, а да не се согласи.
Даниел шеговито сподели фотографии од Кора и Вуди на Twitter, без да очекува дека ќе стане вирален хит и дека ќе допре до холивудската ѕвезда.
Ok but how does our daughter look like Woody Harreslon pic.twitter.com/v3oZbXDrQM
— Dani Grier Mulvenna (@DanielleKGrier) August 3, 2022
„ОК, но како нашата ќерка личи на Вуди Харелсон“ – напиша Даниел во описот на колажот.
„Твитот“ инстантно се рашири на социјалните мрежи и доби над половина милион допаѓања и над илјада коментари. Најинтересното е што објавата стигна до самиот Харелсон, кој одлучи да напише „Ода за Кора“.
Ода за Кора
Ти си неодоливо дете
Поласкан сум што сум споредуван
Имаш преубава насмевка
Само посакувам да ја имав твојата коса.
„Ни го разубави денот. Едвај чекам да ѝ го покажам ова кога ќе порасне, имаш уште еден фан доживотно“ – му возврати мајката Даниел во коментарите.