Почетна » Новости » Занимливости » Мајка објави видео во кое ѝ ги депилира веѓите на 3-годишната ќерка, наиде на поделени мислења

Мајка објави видео во кое ѝ ги депилира веѓите на 3-годишната ќерка, наиде на поделени мислења

Мајка од Тексас поттикна онлајн дебата откако сподели видео во кое ѝ ги депилира веѓите на 3-годишната ќерка.

Леа Гарсија се снимаше додекa ги отстрануваше влакната на малото девојче за тоа да нема споени веѓи. Откако доби и добри и лоши коментари, таа објасни дека тоа го прави за да не дозволи нејзината ќеркичка да има проблеми со самодовербата додека расте.

Леа Гарсија

Леа признава дека ѝ ги депилира веѓите на ќерка си речиси една година за да спречи да ѝ растат влакна на тоа место во иднина. „Го споделив видеото за мајките кои го прават тоа да се пронајдат, бидејќи знам дека не сум само јас. Исто така, сакам да им укажам на другите мајки кои имаат влакнести деца, дека е ОК да го прават ова“ – изјавила Леа за Good Morning America.

@leah_txrealtor My fellow mexicans, y’all understand! #fyp #momsoftiktok #badmom #mexicantiktok #andGO ♬ original sound - Leah Garcia

Гарсија вели дека 3-годишната Блис самата побарала да ѝ ги среди веѓите откако видела како ја депилира поголемата ќерка.

„Таа ми рече: ‘Мамо, јас имам една веѓа, те молам издепилирај ме.’ Знаев дека во еден момент во иднина ќе го направам тоа, па зошто да не почнам сега кога и самата го побара тоа од мене“ – додала мајката.

Овој нејзин потег наиде на поделени мислења.

„Мајка ми го правеше ова и повеќе никогаш не ми пораснаа влакна на местото каде ме депилираше. Најдоброто нешто“ – пишува една корисничка на TikTok.

„Не си лоша мајка. Јас им го правев ова на моите деца поради истата причина“ – пишува друга мајка. „Посакувам мајка ми да ми го правеше ова. Ме исмејуваа многу поради веѓите и рацете“ – стои во трет коментар.

Додека едни интернет корисници ја поддржаа, други ја критикуваа.

„Се надевам дека кога ќе порасне ќе сфати дека несигурностите ѝ се наметнати од личноста која требаше да направи да се чувствува најубава на светот. Кутро девојче“ – пишува една личност во коментар.

„Вака се јавува ниската самодоверба кај твоето дете. Никогаш не им ги посочувај несовршеностите, секогаш прaви да се чувствуваат совршени. Што не е во ред со тебе?“ – стои го друг коментар.

@leah_txrealtor Replying to @justiceforjd27 she actually already did. this was her firat wax, almost a year ago. She sees me waxing her big sister & wants to be like her. #fyp #momsoftiktok #andGO ♬ original sound - Leah Garcia
Леа Гарсија Леа Гарсија Леа Гарсија Леа Гарсија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20935 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.