За првпат компанијата Coca-Cola одлучи својата моќна новогодишна порака да ја пренесе во Македонија преку автентична македонска новогодишна песна. Песната „Празнична магија“ е целосен македонски производ во секоја смисла на зборот: музика, текст, аранжман, изведувач и продукција.
Митевски беше задолжен за целокупното креирање на музиката, аранжманот и текстот, а Дани со својата неверојатна изведба ја доловува душата на песната. Песната е олицетворение на вредностите на најомилениот пијалак на светот: радост, оптимизам, семејни вредности и неповторливата магија на заедничките моменти.
„За мене новогодишните празници се вистинска магија“, вели Дани. „Најубавиот период од годината кога ги делиме волшебните моменти со најблиските. Ми се допаѓа што и самата песна ги истакнува истите работи кои ми се и мене важни, а мислам дека и на сите луѓе: семејните вредности, радоста и оптимизмот, особено за време на празниците кога луѓето со задоволство се собираат“, истакна Дани. „И како што кажува и песната, постои ли некој кој не верува дека таа магија нас ни доаѓа... радост, среќа и топлина во срцето, кога пак сме заедно“, дополни Дани.
За Митевски, создавањето на песната беше голем предизвик и задоволство.
„Создадовме песна која на вистински начин комуницира со луѓето, на нивен јазик, во нивен ритам, а сепак ги пренесува универзалните вредности и пораки на Coca-Cola. Беше голем предизвик, одговорност, но и големо задоволство да се направи македонска верзија на песна која е симбол на Новата Година насекаде во светот. Благодарни сме ѝ на компанијата Coca-Cola за укажаната можност и доверба. Верувам дека песната ќе биде вистински новогодишен хит.“
„Празнична магија“ е дел од Новогодишната ТВ реклама на Coca-Cola, еве и видео: