Празниците се време кога сите треба безгрижно да уживаме во животот.
За да им го разубават барем малку празничниот период на сограѓаните кои се соочуваат со финансиски потешкотии, ресторанот „Оскар“ и пекарата „Александар“ од Битола им обезбедуваат топли оброци. Во период од еден месец, од 16 декември до 16 јануари, во сите денови освен во неработните тие ќе даваат по 50 оброци за сите кои не можат да си ги дозволат. Ручекот ќе се служи во 14:00 часот кај поранешната стоковна куќа „Јавор“.
Оваа вест ја објавија на Facebook страницата на „Оскар“.
Со Бог во срцата и љубов во душите за сите луѓе, РЕСТОРАН ОСКАР, во соработка со ПЕКАРА АЛЕКСАНДАР, во периодот од 16.12.2022 г. до 16.01.2023 г, секој ден,освен неработни денови ќе дава по 50 тополи оброци (пилешко,свинско и тестенини) за сите, кои имаат потешкотии да го обезбедат.
Ручекот ќе се служи во 14 ч, кај Јавор, секој ден, освен неаработни денови, во горенаведениот период.
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ, сакани, наши сограѓани.
БОГ СО СИТЕ НАС И ЗА МНОГУ ГОДИНИ!