Ни започна уште една нова година, која сите се надеваме дека ќе ни донесе здравје, среќа, љубов и успеси.
Како и секоја година, така и оваа 2023 година Нова година во многу градови низ светот беше одбележана со спектакуларни огномети.
Абу Даби и фестивалот „Zayed“ го срушија сопствениот Гинисов рекорд за најдолго огнометно шоу. Погледнете како се дочека Нова година во поголемите градови низ светот:
Компилација од огнометите во повеќе градови:
Белград
Дубаи
Абу Даби
Во Абу Даби беше срушен Гинисовиот рекорд за најдолготраен огномет. 40-минутниот спектакл вклучуваше и 3.000 дрона. Всушност, за време на новогодишното шоу се срушија 4 рекорди – 3 за огнометот и 1 за шоуто со дронови.
Лондон
Лондон ѝ оддаде почит на покојната кралица Елизабета II со дронови кои го оформија нејзиниот лик.