Многу Македонци се приклучија кон новата кампања на СОС Детско село.
За да им се обезбеди топла атмосфера за време на претстојните празници на децата без родители, меѓународната организација започна со активно собирање на средства.
За таа цел, многу познати личности се вклучија во кампањата и споделуваат празнични фотографии со своите деца за да поттикнат да се донираат средства за оние дечиња на кои им се најпотребни. „За жал, некои деца имаат поинакви празници. Донирај сега за ниту едно дете да не е само!“ – е пораката на СОС Детско село.
Јелена Јованова Периќ
„Дали знаете дека има деца кои никогаш не ги почувствувале семејните празници?“
„Замислете ја радоста на нивните лица кога првпат добиваат подарок или прегратка. Вашата донација е многу повеќе од финансиска поддршка.“
„Со вашата помош, обезбедуваме секое дете да има можност да расте во дом полн со љубов, да почувствува радост за празниците.“
„Донирајте денес и променете живот!“ – напиша Јованова во описот на фотографија од синчето со новогодишната елка.
Тони Зен
„Празниците се време за радост, но не сите деца имаат исти желби за Нова година.“
„Децата без родителска грижа посакуваат нешто што не може да се спакува како подарок, но е бескрајно вредно - љубов, грижа и сигурност.“
„Заедно, можеме да ги оствариме овие детски желби!“ – вели Тони Зен. Тој позираше со синчето Јасен покрај новогодишната елка.
Катарина Ивановска
Катарина објави стара фотографија со синчето и Дедо Мраз.
Даниела Ѓуровска
Блогерката Даниела Ѓуровска позираше со синчето и напиша:
„Празниците секогаш нè асоцираат на топол дом, време поминато со најблиските, подароци и насмевки...“
„Но, и на децата кои за жал имаат поинакви предизвици… Декември секогаш е 'потсетник' дека треба да бидеме хумани, но нека ова биде потсетник дека секој ден од годината, вашиот мал гест ќе направи голема значајна промена.“
„Донираме цела година за посреќно детство на децата од СОС детско село.“
Лара Иванова
Лара Иванова сподели фотографија од своето детство.