Тестикуларна протеза или т.н. тестикуларен имплант е силиконски имплант кој се става во празен скротум. Недостатокот на тестис кој треба да се реши со поставување на ваква протеза може да биде предизвикан од неколку причини и тоа:
- малформиран или исчезнат тестис при раѓање
- неуспешно спуштен тестис во скротумот
- хируршки отстранет поради повреда, инфекција или потешка болест
- дел од процесот за промена на полот.
Целта на имплантот е да го подобри изгледот и да ги смири психолошките стравови.
Овој зафат во нашата клиника се спроведува како рутинска процедура од стручниот тим хирурзи уролози и бара еден ден болничко лекување.
Тестикуларните импланти им помагаат на пациентите да ја повратат својата самодоверба и чувство на целосност – велат нашите уролози.
Доколку одлучите да ја направите оваа процедура, важно е да биде изведена од хирург кој е специјализиран за имплантација на протеза на тестисите.
Постапката за имплантација се изведува под општа или локална анестезија со правење засек во долниот дел на препоните или горниот скротум. При постапката се оформува „торбичка“ за протезата по што имплантот се фиксира во правилна положба и се затвора засекот.
Тестикуларната протеза ќе има тежина, форма и чувство многу слично на нормалниот тестис, сепак функционалноста како вистински тестис е исклучена.
Со цел да се информирате и во Клиника Жан Митрев да закажете термин кој ви одговара јавете се на 02/3091-484.