Почетна » Новости » Актуелно » Секоја чест: Спасени осум лица заглавени на жичара во Пакистан, меѓу кои шест деца кои оделе на училиште

Секоја чест: Спасени осум лица заглавени на жичара во Пакистан, меѓу кои шест деца кои оделе на училиште

Спасувачите успеаја да извлечат осум лица кои виселе на жичара во Пакистан на височина од над 270 метри.

Двајца возрасни и шест деца оделе на училиште кога се скинал кабел и тие биле заробени во кабината над провалијата. Операцијата за нивното спасување траела околу 14 часа и за среќа била успешна.

Пакистан Пакистан

„Ми олесна што сите деца беа успешно и безбедно спасени. Одлична тимска работа од војската, единиците за спасување, окружната администрација како и локалното население“ – напиша привремениот премиер Анваар-ул-Хак Какар.

Родителите на децата и останатите членови на семејствата сега можат да издишат со олеснување. Тие со часови се грижеле затоа што голем дел од децата повраќале и не се чувствувале добро.

Пакистан

Силниот ветер ја отежнал мисијата во текот на денот, а по паѓањето на ноќта хелокоптерите морале да се повлечат. Тука стапиле во акција и локалните жители кои ѝ помогнале на војската преку зип лајн да ги спасат останатите деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19743 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.