Почетна » Новости » Актуелно » Промоција на публикации за деца на манифестација посветена на обичајот „Мартинки“ - наследство на УНЕСКО

Промоција на публикации за деца на манифестација посветена на обичајот „Мартинки“ - наследство на УНЕСКО

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2021“ по осми пат ќе биде отворена во петок (26 февруари) во 12 часот на првиот кат во трговскиот центар „Капитол мол“ во Скопје. Организатор на настанот е Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“, а манифестацијата претставува дел од активностите поврзани со традиционалниот украс мартинките, како нематеријално светско културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО.

Среќна Баба Марта 2021 Среќна Баба Марта 2021

Настанот ќе биде отворен до први март. Покрај музејска постановка со автентични амајлии од повеќе држави, ќе биде збогатен и со едукативни панели, продажна галерија со ракотворби и промоција на четири илустрирани читанки за деца за обичајот „Мартинки“ на македонски, англиски, албански и турски јазик, како и две боенки за деца на македонски и на англиски јазик.

Среќна Баба Марта 2021 Среќна Баба Марта 2021

- Печатените изданија за деца што ќе ги промовираме на традиционалната манифестација посветена на обичајот „Мартинки“ се поддржани од Европската комисија и Советот на Европа, во рамките на „Приказните за европското културно наследство 2020“ каде проектот за „Денот на Баба Марта“ на „ХАЕМУС“ беше избран меѓу десетте најдобри европски приказни, како исклучителен пример преку кој се визуелизира и интерпретира културното наследство - вели Василка Димитровска, директор на „ХАЕМУС“.

Среќна Баба Марта 2021

Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2021“ се прави со поддршка од Капитол Мол, Градот Скопје и приватни донатори, под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси. Настанот ќе биде реализиран во мал обем и со соодветен протокол, запазувајќи ги препорачаните мерки за заштита во време на пандемија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19755 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.