Во духот на претстојните празници, Божиновски часовници и накит започна нова пракса на ексклузивни коктел-дружења со своите пријатели и лојални клиенти. Во бутикот на плоштад Македонија, љубителите на часовници имаа можност да се запознаат со новитетите за 2024/2025 година, претставени од престижните брендови што компанијата ги застапува, како што се Omega, Breitling, Longines, Tag Heuerи Montblanc.
Новитети: https://bozinovski.com.mk/new-collections/
Посебно внимание привлече OMEGA Speedmaster „Silver Snoopy Award“ 50th Anniversary, модел создаден во чест на 50-годишнината од доделувањето на престижната награда „Silver Snoopy“ на OMEGA од астронаутите на NASA во 1970 година. Овој часовник, познат по својата историја и значење во спасувањето на мисијата Apollo 13, предизвика огромен интерес меѓу колекционерите во Македонија и регионот. И покрај долгата листа на чекање, Божиновски часовници и накит успеа да испорача еден примерок на еден од своите лојални клиенти, како совршен празничен подарок.
Со ова ексклузивно дружење, дополнето со претпразнична атмосфера, Божиновски часовници и накит ја најави својата посветеност да организира низа слични настани во текот на наредната година. Целта е клиентите да добијат уникатна можност да се запознаат со најновите трендови и иновации во часовничарската индустрија.
Дополнително, сите заинтересирани можат да закажат кратка презентација во бутикот на плоштад Македонија и одблиску да ги откријат најновите модели кои го спојуваат духот на традицијата и прецизната иновација во часовничарството.