Џо и Џил Бајден ги поминуваат последните денови во Белата куќа. Првата дама на САД покажа како го украси претседателскиот дом за последен пат, пред Џо да ја напушти претседателската фотелја.
Оваа година, темата е „Сезона на мир и светлина“, а Џил доби помош од над 300 волонтери за да се украси секое делче од Белата куќа. 83 новогодишни елки, илјадници панделки, над 28.000 украси, 2.200 хартиени гулаби и 165.000 сијалички биле искористени при украсувањето.
Ѕирнете како изгледа претседателската резиденција оваа празнична сезона: