Прекрасна вест одекна на Бадник.
Токму пред големиот христијански празник Божиќ, мајка роди тројка во битолската болница „Плодност“.
Од реномираната болница за гинекологија и акушерство објавија фотографија од двете момчиња и едното девојче, направена токму по нивното раѓање.
ЗА БАДНИК – МАЈКА РОДИ ТРОЈКА: Две братчиња и сестричка родени во Болница Плодност
Со голема храброст и љубов, мајката на свет донесе три мали ангели, на ден кој симболизира љубов, семејство и заедништво. Таа е во одлична здравствена состојба, пресреќна и благодарна што на свет донесе ваков благослов.
Со методите на асистирана хумана репродукција (АРТ), пациентката имаше успешно изведена инсеминација – која помогна во остварувањето на овој прекрасен момент.
„Со методите на хумана асистирана репродукција го зголемуваме наталитетот“ - вели прим. д-р Таше Трпчевски.
Денес сме сведоци на едно од најубавите чуда што медицината и животот можат да ги подарaт.
Нека празничната магија продолжи во нивниот дом!