Почетна » Новости » Актуелно » Пациент од Либија за само еден ден ги направи сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Пациент од Либија за само еден ден ги направи сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Пациент од Либија дојде специјално во Скопје, во Клиника Жан Митрев, за да ги изврши потребните специјалистички прегледи. На Идрис Ал Сенуси од Либија за само еден ден му беа извршени десетина прегледи и тој задоволно ја напушти клиниката, заблагодарувајќи му се на целиот персонал.

На Ал Сенуси му беа извршени дерматолошки, стоматолошки, офталмолошки, ендокринолошки, кардиоваскуларни, пулмолошки прегледи како и ултразвук на абдомен. Тој, по сите завршени испитувања, изјави дека се чувствувал како да престојува во хотел, а не во болница.

„Тука ја имате сета удобност што можете да ја замислите. Овде се чувствувате како да престојувате во хотел, во ресорт, во спа. Се надевам дека и во мојата земја Либија што е можно поскоро ќе имаме ваква институција“, рече Ал Сенуси, додавајќи дека во меѓувреме ќе ја препорачува Kлиника Жан Митрев на сите негови пријатели и сограѓани.

Жан Митрев Жан Митрев Жан Митрев

Клиника Жан Митрев со проширувањето на дејностите, воведувањето нови хируршки и терапевтски интервенции и нови стандарди во здравствената пракса во земјава, постојано привлекува пациенти од најразлични делови од светот да доаѓаат во клиниката за да ги извршуваат потребните интервенции и дијагностички прегледи.

Видео

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21772 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.