Одбројуваме ситно до крајот на годината, до празничната сезона која нè облева со оптимизам и интензивна желба за животни промени. Време е да ја замислиме 2025 година како бело уметничко платно и врз неа да ги насликаме со најубави бои нашите аспирации, стремежи за самоподобрувања и амбициозни желби.
Новогодишните резолуции кога се проследени со упорност, истрајност и креативност, преминуваат во ритуали и навики кои имаат моќ да ни го трансформираат животот.
Без оглед дали ве „копка“ да талкате низ непознати територии, мечтаете да се фокусирате на внатрешно спокојство, ја налевате жедта за авантури, или пак, целите да ја пронајдете неверојатната убавина која се крие во едноставноста, овие резолуции вреди да ги разгледате:
Негувајте ги значајните пријателства
Конекциите со луѓето нè исполнуваат повеќе од што било друго во животот и мора посветено да ги продлабочуваме. Привилегија е да имате пријатели кои искрено ќе се радуваат на вашите успеси, пред кои можете да се отворите максимално и да се чувствувате комотно додека сте во ранлива состојба. Па, потребно е да ги негувате тие врски.
Нека ви биде пракса еднаш на две недели да организирате средби. Поканете ги на вечера во вашиот дом или одете заедно испробајте нов ресторан. Не дозволувајте динамичното темпо на живот да биде изговор за прескокнување на друштвените собиранки. Пријателствата не се негуваат со лајк и емоџи, туку со постапки и длабоки разговори.
Прегрнете ја авантурата – бидете дел од уникатни доживувања
Не е рано за планови за 2025 година. Проверете ги музичките турнеи на вашиот омилен изведувач, истражете ги туристичките понуди за „once in a lifetime“ патувања, резервирајте си авионски лет без претходно премногу да сте ја проучиле дестинацијата... Цел живот го паметиме само она што отскокнува, што е несекојдневно.
Во насока на реткост, сигурни сме дека за сите постоечки IQOS корисници и полнолетни пушачи кои сакаат да преминат на подобра алтернатива од продолжувањето со пушење, ќе ги израдува веста дека најновата лимитирана едиција ILUMA x Steve Aoki 10 Year Edition е веќе достапна на македонскиот пазара. Истата го преплетува визионерскиот и иновативен дух на IQOS и креативната специфичност на Стив Аоки.
Впечатливите уреди се продолжение на незаборавното искуство на светската IQOS заедница во неповторливиот Токио – Tokyo Sensorium. Имено, по повод 10-годишнината од лансирањето, IQOS им приреди уникатна забава на лојалните корисници од сите точки на светот која беше мултисензорно патување исполнето со музички истражувања, визуелни доживувања и тактилни интеракции, а самиот Стив Аоки ја однесе еуфоријата до максимум. Сега, поконкретно од 3 декември, секој постоечки IQOS корисник, како и полнолетен пушач кој силно ја претпочита иднината без чад има можност да присвои физички потсетник на целата приказна со потпис на Аоки.
Читајте разнородно, читајте длабоко
Книгите нè збогатуваат и подобруваат како личности. Читајќи, си ги прошируваме перспективите и си ја стимулираме имагинацијата. Во 2025 излезете од комфорната зона и насочете се кон нови автори, жанрови и култури.
Мемоари, историски фикции, дистопии, научна-фантастика... Направете чекор напред во светови кои умствено ве активираат до максимум.
Читањето претворете го во секојдневен ритуал во вашето „катче“ од домот. Опкружете се со топли ќебенца, придушете го светлото и потонете во магијата на зборовите. Издвојувајте барем по 15 минути дневно за читање, бидејќи во свет на дигитално скролање и читање со „прескокнување“, читањето книги е задолжителна „храна за умот“ и доказ за самољубов.
Креирајте тегла на благодарноста
Едноставна идеја – огромни бенефиции. Секој ден или еднаш на неколку дена запишувајте на мало ливче за што сте благодарни во моментот, превиткајте го и ставете го теглата. Многу често во животот се фокусираме на работите кои ги немаме, па оваа тегла ќе ви служи како потсетник за убавините во вашето секојдневие. Колку повеќе ја користиме, толку повеќе си ја менуваме перспективата.
Чувајте ја теглата на видливо место, за што почесто да ве поттикнува да се фокусирате на позитивното во животот. А во моментите кога сте пред голем предизвик или на крајот на годината, отворете ја за да евоцирате спомени и да се исполните со оптимизам и благодарност.
Инвестирајте во себе преку стилот
Кога се облекувате, вие не избирате само облека и аксесоари, туку избирате како сакате да ве гледаат и доживуваат луѓето. Градејќи ваш препознатлив стил, вие оставате силна порака на самоуверена личност.
На прагот на 2025 година, направете тотално преуредување на плакарот и донирајте сè што не ви носи радост и во кое не се чувствувате убаво. А потоа во текот на годината, дополнувајте го со парчиња кои ја следат девизата „квалитет пред квантитет“.
Експериментирајте со фризури, шминка и модни додатоци за секогаш да излегувате од дома како најдобрата верзија од себеси.
Не заборавајте, секој ден од 2025-та е нова шанса за свежи почетоци. Резолуциите нека ве инспирираат да креирате година која ќе ве рефлектира во најдобро издание.
Промо. Извор: mk.iqos.com