Почетна » Новости » Актуелно » „Клиника Жан Митрев“: Успешно применета наградуваната метода за хирургија без операција

„Клиника Жан Митрев“: Успешно применета наградуваната метода за хирургија без операција

Модерната медицина им го олеснува животот на сè повеќе и повеќе пациенти преку процедури кои не се инвазивни како традиционалните и го скратуваат периодот за закрепнување.

Д-р Синоличка Џамбазова, специјалист отропедски хирург во „Жан Митрев Клиника“, успешно имплементира техника која ја применуваат малку центри во светот, а која би им го олеснила лекувањето на многу пациенти.

„На пациентот ова му е втор ваков зафат. Претходно беше спроведен на десната, а сега и на левата рака, со што беа отстранети последиците од Дипитренова контрактура од 4 стадиум.

Имено за оваа процедура позната како иглеста фасциотомија, д-р Џамбазова има добиено повеќе награди од кои последната беше Прва награда во светот за 2023 година. Клиниката Жан Митрев е еден од ретките центри каде оваа техника се применува во најтешките стадиуми од болеста“ – известуваат од Клиниката.

Видео

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20905 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.