Нотр Дам повторно блесна во Париз.
Катедралата, од која голем дел изгоре во ужасниот пожар во 2019 година, е реставрирана и повторно отворена за посетители.
Париската готска катедарала е стара 860 години и се смета за една од најиздржливите и најзначајни споменици на француската престолнина.
Реконструкцијата чинела околу 700 милиони евра, а на неа работеа 2.000 работници.
На церемонијата за отворањето присуствуваа претседателот и првата дама на Франција, Емануел и Брижит Макрон, како и Доналд Трамп, Илон Маск, Владимир Зеленски и Никола Саркози со сопругата Карла Бруни.
За еден од најтрогателните моменти од вечерта е опишан делот кога пожарникарите во своите униформи продефилираа низ катедралата додека зборот „Merci“ (Благодарам) беше осветлен на надворешноста на историскиот објект.