Почетна » Новости » Актуелно » Караванот на мајчинство на dm и Матрона продолжува со обука на 20 ноември во Тетово!

Караванот на мајчинство на dm и Матрона продолжува со обука на 20 ноември во Тетово!

Со големо задоволство, dm и Матрона ве покануваат на четвртата обука од Караванот на мајчинство, која ќе се одржи на 20 ноември во Тетово.

Караванот на мајчинство го продолжува својот пат кон успехот. Во месец ноември, тетовчани ќе имаат прилика да присуствуваат на четвртата обука од оваа иницијатива на dm и Матрона. Обуката ќе се одржи на 20 ноември во хотел Лирак, ул. Илирија бр. 10, Тетово од 17 до 19 часот. Темата овој пат е ,,Придобивки од доење и редовна вакцинација: Најчесто поставувани прашања. “

dm

Ова е одлична прилика за учесниците да научат многу совети од Прим. д-р Марина Поп-Лазарова, неонаталог и д-р Теута Јакупи спец. педијатар. Тие со своето знаење и искуство ќе помогнат да се разјаснат сите дилеми и да се зајакне самодовербата на мајките, бидејќи овие теми не само што се основа за физичкото здравје, туку и за психолошкиот и емоционалниот развој на детето. Во светот полн со информации, важно е да се знае кои се вистинските факти и како може да се применат во секојдневието.

Сите заинтересирани може да се пријават со испраќање на е-маил на: info@matrona.org.mk

Побрзајте да го обезбедите вашето присуство на обуката, бидејќи бројот на пријави е ограничен. Бидете во тек со сите идни активности на dm, така што ќе ги следите нивните социјални мрежи!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20905 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.