Почетна » Новости » Актуелно » Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп во Клиника Жан Митрев

Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп во Клиника Жан Митрев

Првата неврохируршка операција на Одделот за неврохирургија во Клиника Жан Митрев е изведена со врвен неврохируршки микроскоп, единствен во државата. Неврохируршкиот тим предводен од проф.

Д-р Владимир Рендевски, заедно со д-р Михаил Таушанов и останатите членови на интердисциплинарната медицинска екипа, успешно изведоа операција на ‘рбетниот столб на пациентка со огромни болки во кичмата и неподвижна десна нога.

Жан Митрев Жан Митрев

Со исклучителното ниво на визуелизација преку микроскопот чии оптички леќи ги пребојуваат туморите, беше обезбедена јасна дистинкција на болното од здравото ткиво, што овозможи искусниот тим со најмала инвазивност да ги отстранат сите тумори.

Жан Митрев

Микроскопот од брендот Цајс модел Киево 900, е единствен во државата од ваков вид и со ваква примена. Со неговите врвни перформанси се овозможува висок степен на визуелна прецизност при оперативни зафати од разни патологии од доменот на неврохирургијата вклучувајќи и васкуларни заболувања како аневризми и онколошки заболувања односно карциноми. Во иднина ќе биде користен за интракранијални и кичмени операции за кои досега пациентите заминуваа најчесто надвор од државата.

Жан Митрев Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19947 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.