Почетна » Новости » Актуелно » Зошто програмирањето е професија на иднината?

Зошто програмирањето е професија на иднината?

Зошто програмирањето е професија која нуди безброј можности? Како да се стане успешен програмер? Кои се најбарани профили на програмери на пазарот денес? Како лесно да најдеш работа во програмирање? Разговараме со Деан Јошевски, управител на Интерворкс Едукативен Центар, кој ќе ни даде одговор на овие прашања и ќе ни објасни подетално за бесплатната Обука за Full-stack пограмирање со Java* која ја нуди Интерворкс Едукативен Центар.

Interworks

1. Деан здраво, за скоро започнува бесплатната Обука за Full-stack програмирање со Java, па дали можете да ни објаснете повеќе за неа? За кого е наменета обуката? Кога започнува и како ќе се одвиваат часовите?

Живееме во свет кој се глобализира, а како резултат на тоа се зголемува бројот на компании, организации и сл., кои се распространети низ повеќе држави и континенти. Секојдневно се зголемува потребата од интернет решенија кои функционираат 24 часа во денот, 7 дена во седмицата, овозможуваат работа со повеќе различни јазици, валути, временски зони, стандарди итн.

Ваквите системи треба да овозможуваат нивно користење преку различни нивоа на пристапување, различни оперативни системи итн. Притоа системите треба да помагаат при намалување на трошоците, а зголемување на брзината на извршување на сервисите, безбедно меморирање голем број податоци и др. Затоа барањата од професионалците кои ги создаваат, тестираат, одржуваат, и надградуваат ваквите системи секојдневно се менува и зголемува.

Денес успешен програмер треба да поседува поголем број знаења за различни технологии, техники и алатки. Токму затоа се одлучивме обуката да биде посветена на Full-stack програмерите кои имаат познавања и од front-end и од back-end и се едни од најбараните профили на пазарот на трудот.

Оваа обука e креирана со цел да одговори токму на динамичкото менување и зголемување на потребите, односно на кандидатите да им ги даде сите потребни знаења за да можат да започнат самостојно да решаваат работни задачи, но и понатаму да можат самостојно да се надоградуваат.Истата е наменета за млади и невработени лица и ќе започне на 20ти Октомври.Планирано е часовите да се одвиваат секој работен ден по 2 до 4 часа дневно.

Interworks

2. Повеќе од 20 години си во ИТ индустријата, односно имаш огромно искуство уште како демонстратор за време на твоето студирање, потоа како предавач на разни курсеви за програмирање, си работел и на проекти со различни технологии, а денес си управител на Интерворкс Едукативен Центар. Како се менуваше индустријата низ годините и што мислиш дека е најактуелно денес во оваа индустрија?

ИТ индустријата се менува, или поточно се развива со огромна брзина. При вакви прашања, не можам, а да не се потсетам дека како ученик користев хардвер кој денес се наоѓа само во музеи кои држат до себе, или кога користев тн BBS (bulletin board system) – систем со кој се поврзувавме преку „обичен“ телефон, но со иста цел како и денес што се поврзуваме во разни компјутерски мрежи, со помош на мобилните телефони.

Само до пред неколку години не можевме да замислиме дека ќе ги допираме екраните со цел да раководиме со компјутерите, а денес веќе сериозно зборуваме за компјутери кои сами себе ќе се „образoваат“ и ќе го препознаваат нашиот говор. Ситуацијата со Ковид-19 уште повеќе го наметна користењето на компјутери и компјутерски системи кои ни помагаат да купуваме онлајн, да нарачуваме храна, да пазаруваме и така натаму.

Секако денес е најактуелна дигиталната транформација проследена со е-commerce,но и спојувањето на повеќе системи во еден, односно нивно интегрирање.

3. Модерното време и технологијата создадоа голем број веб страни кои нудат најразлични курсеви за ИТ. Како заинтересираните да изберат соодветни материјали и дали е возможно тоа да го направат на своја рака?

Токму големиот број книги, презентации, решени и нерешени задачи и сл., во голема мера го усложнуваат конструктивното пребарување корисни материјали. Често примерите поставени на Интернет се застарени, без следење конвенции и сл., што лесно ги наведуваат студентите на погрешни навики. Кога на ова ќе се додаде и обемноста на проблематиката, самостојното учење станува сè потешко и посложено.

Од таму доаѓа и потребата за образовни институции каков што е „Интерворкс Едукативен Ценар“ кој се прилагодува на динамиката со која се развива ИТ индустријата и нуди актуелни обуки.

Interworks

4. За крај еден совет до сите кои на ваков или онаков начин се инволвирани во програмирање?

Инвестирајте во својата иднина – инвестирајте во своето знаење!

*Обуката е дел од Локалното Партнерство за Вработување (ЛПВ) – „Битола Стартап Центар“ (финансиран преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија).

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19744 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.