Битолчани уште еднаш ја покажаа својата хуманост и направија дожд од плишени играчки во спортската сала „Боро Чурлевски“.
Стотици љубители на ракометот одговорија на пораката за хумана акција на РК Еурофарм Пелистер и на полувремето на дербито со Вардар во Суперлигата фрлија на теренот плишени мечиња наменети за деца од ранливи категории. Крзнените играчки ќе усреќат многу детски лица за време на божиќните празници.
„РК Еурофарм Пелистер и битолчани успешно реализираа уште една акција. На полувремето од натпреварот Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 стотици плишани мечиња долетаа на паркетот. Овие плишани играчки ќе бидат донирани за божиќните празници на децата од ранливите категории. Благодариме битолчани“ – напишаа од битолскиот ракометен клуб на Facebook.
Целта на оваа акција била „да се пренесат вистинските вредности на животот преку спортот“.
ФОТО: Gol.mk