Министерот за здравство Венко Филипче известува за најновите информации за ситуацијата со коронавирусот.
Прес на Венко Филипче, 15 часот
Попладнево беше објавено дека има 9 нови случаи со што бројката на заболени до 12 часот е 85 лица.
Досега, градови во кои има дијагностицирани пациенти се: Скопје, Дебар, Штип, Гостивар, Охрид и Кавадарци.
Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија, но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика.