Како здравствена институција што од почетокот на пандемијата активно се вклучи во борбата со вирусот SARS-CoV-2, „Авицена лабораторија“ продолжува активно да ги става на располагање сите капацитети, искуства и знаења, со цел подобрување на здравствените услуги и квалитетна грижа за здравјето на граѓаните.
Почнувајќи од 16 ноември 2020 година, тестовите за КОВИД-19 се со намалени цени, и тоа цената на молекуларен PCR-тест изнесува 2.600 денари, ретестирање кај пациенти што претходно имаат направено каков било тест за ковид-19 (PCR, брз тест или серолошки) 2.400 ден., молекуларниот тест што истовремено го детектира новиот SARS-CoV-2 вирус и вирусот на грип е достапен по цена од 3.000 денари, а намалени се и цените на пакетите за анализа на молекуларниот тест заедно со антитела во крвта. Постои и семеен попуст - за тестирање најмалку 3 члена од исто семејство, цената за еден PCR тест е 2400 денари.
Освен што „Авицена лабораторија“ отвори нов простор за прием на пациенти и за земање примероци за тест за ковид-19 кој е целосно физички одвоен од останатиот дел на лабораторијата, истовремено трикратно се зголеми и капацитетот за изработка на тестови за ковид-19 на дневно ниво.
Имено, во „Авицена лабораторија“ веќе е инсталиран високософистициран и најсовремен робот-систем за целосно автоматска обработка на примероци за молекуларна дијагностика, кој е единствен од ваков тип во нашата држава. На овој начин се зголемува капацитетот за изработка на тестови, а се намалува времето за добивање резултат.
Сите типови на тестови за КОВИД-19 во „Авицена лабораторија“ се закажуваат на следните телефонски броеви: 071/278-529; 078/218-731; 071/269-623 и 072/319-850.
Комерцијален текст