Почетна » Новости » Актуелно » Sinsay, NewYorker, D Sport, Жито Маркет, УНО, Playpark – кој сè ќе биде дел од Охрид Мол и кога ќе се отвори за јавноста?

Sinsay, NewYorker, D Sport, Жито Маркет, УНО, Playpark – кој сè ќе биде дел од Охрид Мол и кога ќе се отвори за јавноста?

Охриѓани, но и жителите од регионот oд мај 2025 ќе може да уживаат во понудата која ја носи новиот трговски центар Охрид Мол.

На површина од приближно 17.000 м2 и со модерна инфраструктура, максимална фунционалност, достапен паркинг и квалитетен микс од реномирани брендови – Охрид Мол ќе биде новата примамлива дестинација за сечиј вкус и омилено „шопинг“ искуство за секој поединец.

Охрид Мол

Германскиот моден бренд NewYorker коj ценовно спаѓа во категоријата за широка потрошувачка и нуди целосно портфолио на облека која таргетира пред сè тинејџери и млади, ќе биде претставен во Охрид Мол на две нивоа со вкупна квадратура од 1500 м2. Полскиот моден бренд Sinsay кој е воедно и најбараниот бренд од LPP Групацијата ќе биде присутен на 900 м2 на две нивоа што дополнително ќе ја збогати понудата на категоријата мода.

За љубителите на спортот и активниот животен стил, Охрид Мол ќе понуди најголема спортска продавница во градот D Sport на приближно 500 м2 која ќе располага со широк асортиман на спортска опрема, облека и обувки од водечки светски брендови како што се NIKE, ADIDAS, PUMA, SKECHERS, KAPPA, Pepe JEANS, REPLAY, што за посетителите ќе биде единствена можност на едно место да најдат сè што им е потребно.

Водени од потребите на потрошувачите во градот, Охрид Мол ќе донесе место за забава за најмладите преку игротеката УНО, на површина од 1300 м2, а дополнително во делот за забава ќе биде присутен и турскиот бренд PLAYPARK на 500м2, кој ќе понуди забавни содржини за популација на возраст од 7 до 14 години и ќе донесе вистинско уживање за најмалите, но и младите.

За прв пат во Охрид, во склоп на трговскиот центар ќе биде отворен и супермаркет од познатиот македонски ланец на маркети ЖИТО кој во своето портфолио има над 80 локации со преку 1000 вработени, а ќе биде на површина од приближно 1000 м2. Со својата добро позната репутација на место каде се пазари свежо и квалитетно, Жито маркет ќе понуди богат асортиман на свежи производи.

Охрид Мол

Повеќе од сигурно, во мај 2025, градот Охрид и регионот, со Охрид Мол добиваат совршена комбинација на мода, забава и нов културен импулс правејќи го трговскиот центар посакувана и атрактивна дестинација за сите генерации. Овој трговски центар ќе биде не само простор за купување, туку и место каде ќе се создаваат нови спомени со пријателите и семејството, место што ќе биде на располагање 365 дена во годината.

Се очекува Охрид Мол на годишно ниво да биде дестинација која ќе ја посетат приближно 2,5 милиони посетители. Сето тоа, заедно со атрактивноста на Охрид како омилена туристичка дестинација, ќе направи од градот место со целосна и сеопфатна понуда.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20696 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.