Високите стандарди во работењето, иновациите и квалитетот што го испорачува, на ELENA LUKA GROUP и ја донесоа престижната награда „МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2024“. Свеченото доделување на наградите се одржа во претседателската „Вила Водно“, каде наградата на г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА) ѝ ја додели претседателката, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, која беше покровител на настанот.
Оваа наградата која традиционално се доделува од Сојузот на стопански комори, е уште една потврда за професионалноста и визионерскиот пристап, кои ја одликуваат ЕЛЕНА ЛУКА во сите сегменти на нејзиното работење.
„Честа е навистина огромна. Денеска сме кај нашата почитувана претседателка, г-ѓа Сиљановска -Давкова и ова признание кое го добивме е голема потврда за тековните постигнувања на ELENA LUKA GROUP. Како општествено одговорна компанија, заслужено влеговме во кругот на компании кои го добија ова признание. Оваа награда е резултат и верификација на сè што работевме низ годините како групација. Дополнително, носи посебна вредност и одговорност – да продолжиме со уште поголем интензитет во работењето, со повеќе иновации, квалитет и нови проекти, во модата, градежништвото и медиумите, во сето она што ELENA LUKA GROUP го работи. Ова признание, доделено од Сојузот на стопански комори на Македонија, во соработка со нашата претседателка, е огромна мотивација за целата наша компанија“- изјави г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА).
Според г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА) успехот на компанијата со која раководи во голема мера се должи на тоа што ELENA LUKA GROUP постојано гледа напред, има амбициозни планови и јасна визија за иднината.
„ELENA LUKA GROUP функционира според јасно дефинирани принципи. Освен што постојано вложуваме во истражувања и нови проекти, се водиме од принципите на транспарентност, родова еднаквост, инклузија и општествена одговорност. Жените имаат силна застапеност на челни позиции, а нашата работа е насочена кон создавање подобра и поквалитетна заедница. Нашето мото отсекогаш било „Не е важно само колку профит ќе донесеме, туку колку ќе придонесеме за заедницата.“ Овој принцип го гарантира нашиот успех, континуитет и постојан раст на резултатите“ - истакна г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА).
За годината која претстои г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА) најави значајни проекти и посветена работа во сите сегменти во кои компанијата делува.
„Престојната 2025 година претставува континуитет на нашиот развој. Во делот на модата, започнуваме со нови колекции и месечни презентации, каде свечената линија за дами добива посебен акцент. Во градежништвото, посебно горди сме на проектот ФУТУРА комплекс, лоциран на Борис Трајковски – комплекс со 47.000 квадратни метри кој е во втората фаза на изведба. Овој објект ќе биде пример за иновативна архитектура, функционалност и хармонија со околината, обезбедувајќи сѐ што е потребно за квалитетно живеење. Продолжуваме со работа на нови проекти, а ФУТУРА комплекс е еден од најкапиталните во 2025 година. Со верба, труд и посветеност, сигурни сме дека ќе постигнеме извонредни резултати. Секогаш веруваме дека трудот носи успех, а ваквите признанија се потврда за тоа“ - изјави г-ѓа Елена Пандева (ЕЛЕНА ЛУКА).
ELENA LUKA GROUP беше една од десетте компании кои според строгите критериуми се квалификуваа и ги исполнија условите за да ја добијат наградата „МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2024“ која традиционално ја врачува Претседателот на Македонија. Оваа награда се врачува секоја година во знакот на оддавање на признание и промовирање на деловните успеси на македонските компании кои дале значаен придонес во развојот на националната економија и нејзина промоција на меѓународно ниво.
Со ова признание ELENA LUKA GROUP забележа уште едно големо достигнување со кое заокружува една исклучително успешна година.
Промотивен текст