Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 2.562 тестирања, а има 758 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 324
- Куманово 43
- Штип 22
- Прилеп 46
- Тетово 21
- Струга 27
- Велес 26
- Битола 23
- Охрид 28
- Кавадарци 36
- Гостивар 32
- Гевгелија 17
- Струмица 26
- Крива Паланка 3
- Радовиш 5
- Кочани 19
- Пробиштип 1
- Пехчево 2
- Берово 2
- Валандово 8
- Виница 2
- Делчево 8
- Кратово 4
- Свети Николе 6
- Кичево 14
- Ресен 2
- Неготино 11
Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (42, 65, 74, 83, 69, 80 и 86г), двајца од Куманово (87 и 52г), еден од Дебар (80г), пет од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76г), еден од Струга (62г), двајца од Битола (77 и 69г), четири пациенти од Охрид (62, 70, 57 и 81г), еден од Свети Николе (65г), двајца од Кичево (64 и 77г) и еден пациент од Неготино (74г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 944 оздравени пациенти од:
- Скопје 270
- Куманово 51
- Дебар 24
- Штип 25
- Прилеп 69
- Тетово 36
- Струга 43
- Велес 51
- Битола 53
- Охрид 46
- Кавадарци 53
- Гостивар 44
- Гевгелија 30
- Струмица 20
- Крива Паланка 6
- Радовиш 12
- Кочани 19
- Пробиштип 7
- Демир Хисар 1
- Пехчево 2
- Берово 8
- Валандово 6
- Кратово 3
- Свети Николе 15
- Кичево 19
- Ресен 13
- Неготино 18
Досега во земјата се направени вкупно 383.769 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 79.190, бројката на оздравени пациенти е 56.099, на починати е 2.340, а бројот на активни случаи изнесува 20.751.