Министерството за здравство објави дека во изминатите 24 часа, во Македонија регистрирани се 30 нови случаи со коронавирус.
Со тоа вкупната бројка на заболени во земјата се искачи на 384.
По градови, 12 од новозаболените се од Скопје, 8 од Куманово, 9 од Прилеп и 1 од Крива Паланка.
Во изминатото деноноќие направени се 342 теста, а вкупно досега 4.117 тестирања на Ковид-19.