Не ги фрлајте старите вазни и украси кои повеќе не ви се допаѓаат поради одредена шара. Блогерката Женева Вандерзил ќе ви покаже како да ги трансформирате во модерни и ефектни декорации во домот.
За да им дадете керамички ефект потребни ви се само акрилна боја во посакуваната нијанса и прашок за печиво. Женева тврди дека се обидела со повеќе состојки, но дека прашокот за печиво го дал најсоодветниот ефект.
Трансформација на вазни
Трансформација на лампиони
Со овој проект Женева собра многу следбеници на Instagram, а нејзиниот хаштаг #trashtoterracotta стана хит. Погледнете дел од направи сам проектите на нејзините фанови.