Секој родител се плаши од моментот кога детето е доволно големо за да може само да излегува од креветчето.
Итро момче научи тактика како да го прави тоа, без да се повреди.
Во видео снимено од камера во детската соба, детенцето го турка креветчето со ногата на ѕидот, а потоа бавно, но сигурно го поместува до големиот кревет.
Откако ќе слезе на подот, тоа го враќа креветчето на своето место со цел да ја прикрие својата мудра финта.