Матурантите од Петтата гимназија „Владимир Назор“ од Сплит дефинитивно ќе ја паметат засекогаш својата матура.
Нивните професори смислија забавен начин за да ги изненадат своите ученици и да им го врежат во сеќавање овој важен ден. Тие направија кореографија и танцуваа на различни песни како „Singin' in the Rain“, „Y.M.C.A“, „Single ladies“, „Waka Waka“ и други.
Снимката од забавниот настап го обиколи регионот и стана вистински хит.