Група полицајци се собраа пред основно училиште за да го поздрават и испратат синот на нивен покоен колега на првиот училиштен ден.
Таткото на малиот Рајли бил убиен на должност на 18 декември 2021 година. Па, кога Рајли требало да тргне на училиште, неговите колеги знаеја што треба да направат за да му покажат дека има голема поддршка.
Тие застанаа во две редици пред училиштето во Луисвил, Кентаки, и го поздравија Рајли додека се упатуваше на првиот час.
„Рајли има одличен систем на поддршка и се надеваме дека денес ќе има одличен ден“ – стои на профилот на полициската станица од Луисвил.