Првите средби на бебињата со повозрасните членови од семејството секогаш се полни со емоции.
Моментот кога Бети Данкан го запознава своето 18-то правнуче разнежни илјадници срца низ светот. Во видеото, 90-годишната прабаба го нишка и му пее на малиот Рекс кој мирно спие во нејзината прегратка.
Рекс бил крстен по сопругот на Бети, кој починал во 2013 година.