Мајка им го откри полот на нероденото бебенце на трите дечиња, но доби неочекувана реакција од ќеркичката.
Во видеото, таа им дава мафини на синовите и на ќеркичката Виена. Во средината на слатките се наоѓала бојата која требало да покаже дали бебето е момче или девојче.
Само што ќе почне да јадe, малата Виена открива дека станува збор за сина боја и дека ќе добие уште едно братче.
Разочараното девојче започнува да плаче и да вика: „Сакав да биде розово. Не сакам браќа. Сакав сестричка“.