Почетна » Забава » Видео » ВИДЕО: Тинејџерка со Даунов синдром плаче од среќа кога ќе добие покана за роденден

ВИДЕО: Тинејџерка со Даунов синдром плаче од среќа кога ќе добие покана за роденден

Реакцијата на девојка со Даунов синдром, кога ќе добие покана за роденденска забава, нема да ве остави рамнодушни.

Пресреќната тинејџерка рони солзи-радосници во видеото снимено од нејзината мајка.

Во целиот свој живот, 15-годишната Мејси била поканета само на неколку роденденски прослави, па токму поради тоа, ова ѝ донело неизмерна радост.

„Вчера, Мејси влезе во автомобилот и ми покажа покана за роденденска забава од другарче од училиштето. Не претерувам кога ќе речам дека на една рака се бројат роденденските прослави на кои била поканета од другарчињата уште од градинка. Таа сега е деветто одделение. Нејзината радост на оваа покана е преголема. Сè што можев да направам е да се смеам со неа, а потоа и да плачам додека славев со неа“ – напиша мајката.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20790 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.