Слепо девојче освојува на Instagram со прекрасниот глас.
Малата Седаја ја отпеа „Easy On Me“ од Адел, читајќи го текстот на песната напишан со Брајова азбука. Комплиментите постојано се нижат во коментарите.
Претходно, Седаја беше гостинка во „Carpool Coaching“ на познатата вокална учителка Шерил Портер. Во емисијата, девојчето учеше како да ја отпее „Lift Me Up“ од „Black Panther: Wakanda Forever“ на Ријана.
Седаја се роди целосно слепа, но нејзината мајка ја научи да биде самоуверена.
„Седаја секогаш повторува: ‘Јас сум паметна. Јас сум убава. Јас сум самоуверена. Јас сум самостојна и можам да направам сè што ќе наумам’“ – објаснува мајка ѝ Дора.
„Видот на Седаја е она што навистина го чувствуваат нејзините срце и душа“ – пишува на нејзиниот профил.