Видео од детенце, кое ја прашува мајка си зошто го изела кога била бремена, ќе ви измами слатка насмевка.
Во него, момчето низ солзи се обидува да дознае зошто мајка му го изела кога ги правела трудничките фотографии. Таа залудно се обидува да му објасни дека не го изела, туку дека тој пораснал во нејзиниот стомак.
На крајот се откажува и му вели дека го изела затоа што бил многу вкусен. Детенцето ја замолува да не го јаде повторно.