Сите ги сакаат „спонтаните“ креативни флешмоб видеа, но ова е една од најпрефинетите флешмоб изведби досега.
Стотина професионални музичари ги изненадија жителите на градот Сабадел во Шпанија со фантастична изведба на препознатливата „Ода на радоста“, а по појавувањето на YouTube, видеото доби и бројни аплаузи и пофалби од цел свет.
Занемарете го фактот што невообичаениот настан бил организиран по повод 130-годишнината на шпанска банка и почувствувајте ја вистинската моќ на музиката која зближува и фасцинира.