Невеста ѝ приреди незаборавно изненадување на баба си.
Пред традиционалниот танц татко-ќерка, Лаура тајно се искраде и се пресоблече во венчаницата која баба ѝ Марион ја носеше кога го изговори судбоносното ДА пред 60 години. Таткото на Лаура ја носеше воената униформа на нејзиниот покоен дедо.
32-годишната невеста ја прегрна својата баба која не можеше да им поверува на очите.
„Знаете ли што е тоа? Мојата венчаница“ – им вели Марион на гостите во видеото.